Трибина на УАКС: Како малите држави опстојуваат во новиот геополитички поредок?

22 ноември 2025 | Вести и активности

По повод 20 години од основањето, на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје беше организирана трибина со наслов: “Малите држави во новиот геополитички поредок”, на која со професорот Роберт Хадсон разговаравме за комплексните предизвици на современиот свет, во кој способноста за адаптирање, стратешките партнерства и отпорноста на демократските институции се поважни отколку големината на државите.

Форумот, кој се одржа на 20-ти ноември, вклучуваше серија тематски панели и теми од интерес, како што се:

– Бизнис и иднината на образованието

– Малите држави во новиот геополитички поредок

– Вештачка интелигенција и дизајн

– Креативност, благосостојба и општество

– Простори и објекти на иднината